Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Од:

Петмина кинески државјани биле фатени од граничната полиција, која патролира долж границата со Грција. По проверка на нивните документи, полицијата увидела дека илегално ја минале границата.

Се работи за петмина кинески државјани на возраст од 31, 32,34, 41 и 49 години.

„ На 06.03.2024 во 15.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица во коритото на Сува Река ги пронашле Л.Х.(49), Т.Л.(34), В.Л.(32), Л.Х.(41) и Д.Ј.(31), сите од Народна Република Кина. По извршена проверка и контрола било констатирано дека лицата илегално влегле во државата. “ се вели во соопштението од МВР.

Од Основен суд Гевгелија на лицата им била изречена парична глоба и прекршочна санкција – протерување на странец од територијата на РСМ во траење од три години.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти