Во Џенова прогласена вонредна положба поради опасноста од излевање нафта

Од:

Пристанишните власти во северозападниот италијански град Џенова прогласија вонредна состојба поради опасноста тони сурова нафта да се излејат на Италијанската ривиера и во Средоземното Море.

Нафтата е од локалната рафинерија, каде се појави пукнатина на нафтовод и големи колични нафта истека во околната река.

Спасувачките екипи поставија брана за да го спречат разлевањето и почнаа со испумпување на нафтата. Сепак поради поројниот дожд беше урната импровизираната брана.

– Ситуацијата е тешка, не знаеме колку нафта може да стигне до морето, изјави Џани Кривело од локалната цивилна заштита.

– Во морето веќе се излеа одредена количина нафта, но тоа веројатно се случило во првите часови од несреќата, пред изградбата на браната, појасни градоначалникот на Џенова Марко Дориа.

Тој даде уверување дека се вложуват сите можни напори за ограничување на разлевањето.

Џенова се наоѓа во средината на Италијанската ривиера.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим