Во Буркина Фасо демонстранти ја запалија зградата на Парламентот

Од:

Демонстранти во Буркина Фасо денеска упаднаа во зградата на Парламентот и ја запалија, во пресрет на гласањето за тоа дали на претседателот, кој веќе 27 години е на власт, треба да му се дозволи следната година да се кандидира за уште еден мандат.

Полицијата прво ги потисна демонстрантите употребувајќи солзавец, но тие се прегрупираа и се вратија во поголем број и тогаш упаднаа во зградата на Парламентот.

Претходно илјадници демонстранти излегоа на улиците на главниот град на оваа западноафриканска држава.

Буркина Фасо е инаку позната по релтивната стабилност и економскиот раст во тој нестабилен регион, но тензиите се зголемија во пресрет на гласањето за законот со кој би бил изменет уставот, така што претседателот Блез Компаоре следната година повторно може да се кандидира за изборите.

Демонстрантите велат дека 27 години на власт е доволно за Компаоре.

Измените на уставот денеска требаше да бидат изгласани, но демонстрантите изјавија дека нема да им дозволат на пратениците да влезат во Парламентот. Меѓутоа не стигнаа навреме да ги спречат во тоа и многу пратеници успеаја да дојдат во салата.

Демонстрантите тогаш повторно се обидоа и успеаја да влезат во зградата.

Тие тврдат дека сега ќе упаднат и во други владини институции во Уагадугу.

Тие веќе влегоа во зградата на државната телевизија и ја ограбија, па програмата повеќе не се емитува.

Неколку војници кои ја обезбедуваа зградата на телевизијата пукаа во воздух во обид да ги растераат демонстрантите, но тие не запреа и војниците побегнаа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

Најмалку 33 војници загинаа во напад на џихадисти во Буркина Фасо

Ана Ололовска

Буркина Фасо побара повлекување на француските војници од нејзината територија

Ана Ололовска

Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени