Во Букурешт ноќеска изгореа или се оштетени 13 автомобили

Од:

Осум автомобили се уништени од пламен, а на други пет има оштетувања во текот на изминатата ноќ во Букурешт, сооптши
агенцијата Аџерпрес.

Полицијата го истражува инцидентот во квартот „Друмул Табереј“.

Аларм за автомобили што горат во полицијата бил даден околу 4,20 часот. На посочената адреса полицијата и пожарникарите затекнале запалени четири автомобили и еден мотоцикл.

Потоа бил даден аларм за уште два автомобила во пламен на друга улица, на околу 200 метра од првата адреса. Огнот се проширил и на крајот изгореле и оштетени се вкупно 13 автомобили.

Полицајците ќе ги сослушаат сопствениците на возилата за да се утврдат причините за инцидентот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет