Во Букурешт активисти делеа топла супа на бездомници

Од:

Доброволци, меѓу кои и британскиот амбасадор во Романија, делеа топла супа на бездомници во Букурешт, каде што се смета дека околу 5.000 лица спијат каде што ќе стигнат во лоши услови, при што 300 лица годишно умираат од студ и болести.

Десетици бездомници добија топла супа, чај и кафе денеска при температури од минус пет степени целзиусови во близина на железничката станица во романската престолнина, каде што се собираат многу луѓе без покрив над главата во градот со двомилионско население.

Девет автопати се блокирани поради снежната бура. На места има прекин во електроснабдувањето, а затворени се и некои училишта. Во источниот округ Ботошани 10.000 лица од пет населени места се изолирани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет