Во Буенос Аирес се судрија два воза, најмалку 3 жртви

Од:

Во предградие на Буенос Аирес дојде до судир на два воза при што загинаа ајмалку три лица, а над 70 други се повредени.

Властите на градот Морон истакнаа дака се уште се чекаат податоци за точниот број на жртвите во судирот кој се случил откако патнички воз удрил во празен воз кој стоел на шините во близина на станицата, на околу 30 километри западно од претстолнината, пренесе агенција „Франс прес“.

На местото на настанот се наоѓаат екипи на брзата помош, спасувачки екипи и волонтери кои им помагаат на повредените.

Судирот се случи на пругата која што ги поврзува западните предградија со центарот на Буенос Аирес.

На истата релација во февруари 2011 година се случи најтешката железничка несреќа во историјата на Аргентина, во која што животот го загубија 51 лице додека повеќе од 700 беа повредени.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски