Во Бразил обвинет за корупција најбогатиот банкар во светот

Од:

Бразилското обвинителство покрена обвинение за корупција против најбогатиот банкар во светот, Џозеф Сафра (77).

Според листите на  „Форнч“ и на „Форбс“ богатството на Сафра се проценува со над 18 милијарди долари.

Сафра е сопственик на холдингот „Сафра груп“, под чија сопственост е бразилската банка „Банко Сафра“, како и на висококатницата „Мери Екс“ во Лондон.

Освен за него, обвиненија се покренати за уште петмина вработени во „Сафра груп“, кои ја подмитувале администрацијата со цел да се затаи данок.

Според властите вкупната сума на дадено мито изнесува 4,2 милиони долари, а долгот кон државата се проценува на 500 милиони долари.

Банкарот Сафра е обвинет дека дал согласност за плаќање на над четири милиони долари мито на даночните ревизори. Во замена за овие поткупи, ревизорите требало да ги намалат или поништат казните наметнати за холдингот за неплатени даноци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил