Во борбите во Доњецк загинале 40 украински војници

Од:

Четириесет припадници на украинските сили за безбедност загинаа во борбите во Доњецк изминатите 24 часа и уништени се два тенка, изјави денеска заменик-командантот на штабот на самопрогласената Доњецка народна република, Едуард Басурин.

Според него меѓу бунтовниците има петмина загинати, додека меѓу цивилите животот го загубија пет лица, а 26 се ранети.

Продолжува гранатирањето на сите градски региони. – Зајакнати се нападите по целата линија на фронтот. Украинската војска продолжува да испраќа тенкови и оклопна техника, додаде Басурин.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје