Во бомбардирања на предградија на Дамаск загинале 36 лица, меѓу кои 14 деца

Од:

Најмалку 36 лица, меѓу кои 14 деца, вчера се убиени во бомбардирањата од страна на владините сили во предградијата на сириската престолнина Дамаск, контролирани од бунтовниците, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на опозициски активисти.

Во видео снимка, лиферувана од цитираните извори, се гледаат жени како плачат над растргнати детски тела, расфрлени во поле во источна Гута, во близина на базата на противвоздушната одбрана, крај градот Мулејха, на пет километри источно од Дамаск.

Бунтовниците ја напаѓаат базата веќе петти ден со фрлачи на гранати и минофрлачи и како одговор на овие напади армијата истрелала над 600 ракети врз Мулејха.

Во северниот сириски град Азаз, конторлиран од опозицијата, биле убиени 16 лица кога воен авион бомбардирал бунтовничка позиција.

Сириската државна агенција САНА соопшти за серија успеси на владините сили, вклучувајќи ја и битката за економската престолнина на земјата Алепо, на 340 километри северно од Дамаск.

Според весникот „Ал Ватан“, над 20.000 млади Сиријци се пријавиле како доброволци за да и помагаат на Републиканската гарда во судирите со бунтовниците.

Вчера во Сирија биле убиени 100 лица, од кои 42 во предградијата на Дамаск, се наведува во привремените податоци на опозициската група Сириски центар за набљудување на човековите права (СЦНЧП), пренесоа француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски