Во Берлин денеска средба Самарас-Меркел

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, а разговорите се очекува да се фокусираат на шансите на Грција за излез од меморандумот и за отпишување на долгот.

Грците сметаат дека исходот од разговорите најверојатно ќе има одлучувачко влијание врз финансиските и политичките случувања во земјата.

Портпаролот на Меркел, Штефен Зајберт се обиде да ги намали очекувањата истакнувајќи дека разговорите за Грција и нејзината економска програма „не се билатерални преговори меѓу Германија и Грција, туку меѓу Грција и нејзините европски партнери“. Тој истакна дека од состанокот не се очекуваат одлуки, но сепак додаде дека изгледите на Грција се посветли.

– По многу, многу тежок период, постојат знаци на надеж, особено во областа на економскиот раст, рече тој.

Се очекува Самарас да ја искористи денешната средба како можност да се постават патоказите за излегување од меморандумот и да се обезбеди порака со политичка поддршка од Меркел, која ќе му овозможи да понуди некаква форма на ослободување од штедењето за Грците. Се очекува да се разговара и за дилемата на грчката Влада, која се соочува со можноста за предвремени избори откако Сириза соопшти дека во февруари ќе го блокира изборот на нејзиниот кандидат за претседател, пишува „Катимерини“.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов