Во Австрија разбиена криминална група која превезувала илегални имигранти

Од:

Австриската полиција успешно разби криминална организација, која префрлувала илегални имигранти во Европа и во текот на изминатите неколку години заработиле над 50 милиони евра, а имала и свој огранок во Србија.

Оваа група во Австрија префрлила околу пет илјади Авганистанци , соопшти полицијата, која додаде дека е разбиена целата организација, која имала свои ограноци и во Иран, Турција и Грција.

Министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл Лајтнер изјави дека станува збор за најголема група, која се занимавала со префрлување на нелегалните имигранти.

Оваа група својата работа ја извршувала мошне професионално и била добро организирана. Во Иран имала ограноци за регрутирање, кои ги раководеле Авганистанци.

Илегалните имигранти најпрво по копнен пат пеш се префрлувале во Турција. Неделно во просек се извршувале по 15 транспорти. Од Турција илегалните имигранти го продлжиле патувањето во Грција, каде се наоѓало седиштето на криминалната организација. Таму илегалците, кои за префрлувањето плаќале меѓу осум илјади и 12 илјади евра по лице, се сместувани во куќи и станови. За време на престојот илегалците биле принудувани на работа.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче