Во Австрија 261.159 граѓани ја потпишаа петицијата за излез од ЕУ

Од:

Инцијаторите на петицијата за излегување на Австрија од Европката унија успеаја во намерата своето барање да му го достават на Парламентот, откако 4,12 отсто од граѓаните со право на глас ја потпишаа петицијата.

Министерството за внатрешни работи на Австрија соопшти дека петицијата, чиј рок за потпишувње истече вчера, ја потпишале 261.159 Австријци. Со оваа поддршка петицијата се наоѓа на 23. место од вкупно досега одржани 38 изјаснувања на граѓаните.

Парламентот, според законот ќе мора да се занимава со барањето на иницијаторот на петицијата, откако повеќе од сто илјади граѓани со својот потпис го поддржаа барањето за излез на Австрија од Унијата.

Главно барање на иницијаторите на петицијата е дека Парламентот треба да донесе одлука за излегување на Австрија од ЕУ, откако ќе биде одржан референдум.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче