Во 2013. рекорден број напади врз хуманитарни работници

Од:

Сто педесет и пет хуманитарни работници се убиени во напади минатата година, при што оваа загрижувачка тенденција се забележува и оваа година, покажуваат денеска објавените податоци на истражувачкиот центар „Хјуманитариан ауткамс“.

Со 81 жртва, најопасен за хуманитарните работници лани бил Авганистан, кој заедно со Сирија, Јужен Судан, Пакистан и Судан е во петорката земји, каде се извршени три четвртини од актите на насилство врз хуманитарните работници.

Според извештајот лани биле ранети 171 хуманитарен работник, а киднапирани се 134, при што бројот на киднапираните е за 66 отсто повеќе од претходната година.

Зголемувањето се должи пред се на заострувањето на конфликтите во Сирија и Јужен Судан, нагласува организацијата.

Во Јужен Судан милициите убиле шестмина хуманитарни работници во август, тројца од нив од заседа, а во Газа 11 вработени во Обединетите нации го загубиле животите во бомбардирање на локации, кои претставувале засолништа за Палестинците.

Тројца претставници на чешката невладина организација „Луѓе кои имаат потреба од помош“ биле убиени во минофрлачки напад во сирискиот град Алепо во јануари.

Првите бројки оваа година покажуваат дека ризиците за живот на хуманитарните работници не се намалуваат: 79 лица загинале од јануари до средината на август, што е повеќе од билансот во 2012 година.

По повод денешниот Светски ден на хуманитарна помош Советот за безбедност на Обединетите нации ќе расправа за заштитата на хуманитарните работници во зоните на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски