Во 19 населени места во Чешка прогласен највисок степен на опасност од поплави

Од:

Во 19 населени места во Чешка е објавен трет (највисок) степен на опасност од поплави заради зголеменото ниво на реки како резултат од поројни дождови, јавија локалните медиуми.

Речиси сите реки во јужниот дел од државата имаат зголемено ниво на води. Значително е зголемено нивото на реките Бланице, Полечнице, Отава и Малша.

Според властите, за само неколку часа во изминатиот ден во реонот на градовите Чешке Будјеовице и Седлчани наврнале 40 до 50 мм дожд што може да предизвика катастрофални последици.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско