Саудиска Арабија воведе 24-часовен полициски час во светите градови Мека и Медина, откако 1.700 луѓе беа заразени со новиот коронавирус, а 16 починаа.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека исклучок од неработење се основните услуги, продавниците за храна и медицинските установи.
Државата, со 30 милиони жители, презеде драстични мерки за борба против болеста, ги прекина сите меѓународни летови, ги затвори повеќето јавни места и го забрани аџилакот.
Властите ги повикаа муслиманите ширум светот да го одложат пристигнувањето на годишниот Аџилак за некои подобри периоди.
Саудиска Арабија има најмногу заразени и починати од Ковид-19 од сите членови на Советот за соработка во Заливот.