Властите во Мјанмар најавија обнова на мировните преговори со бунтовничките племиња

Од:

Властите во Мјанмар денеска најавија дека со претставници на 16 племиња договориле продолжување на преговорите за прекин на вооружените судири.

На средбите, што ќе започнат на 16 март на претставниците на вооружените племиња ќе им биде претставен дел од уставните промени во кои се предвидува давање на ограничена автономија на некои провинции.

Уставните измени во Мјанмар треба да бидат усвоени на референдум, предвиден за мај, пет месеци пред оддржувањето на општите избори во државата.

Домашните и странските аналитичари не веруваат дека ќе има сеопфатен договор за мирно решавање на петдецениските спорови, следени со бројни судири и жртви. Можна придобивка е барем привремено примирје, особено во североисточната провинција Шан, каде што во последниве десетина дена армијата води жестоки борби со вооружените припадници на Коканг племето.

Во нов обид да се намали политичката нестабилност во државата, властите најавија дека ќе се обидат да посредуваат меѓу странските работодавачи и десетина илјади работници кои веќе четири недели протестираат против ниските плати и лошите услови за работа.

Група од 2.000 текстилни работници вчера се обидоа да протестираат пред провинциската управа во Јангун. Незадоволните работници беа запрени од силни полициско-армиски сили, а официјално е потврдено дека се уапсени 18 лица, меѓу кои еден домашен и еден странски новинар.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар