Владејачката партија во Тунис „Ал Нахда“ соопшти дека е подготвена да се сретне со опозицијата, без претходни услови, со цел да се постигне согласност за решавање на најтешката политичка криза во земјата од 2011 година.
Исламистичката партија соопшти дека преговорите можат да почнат на крајот на седмицата и да вклучат разгледување на барањето на опозицијата за службена Влада, составена од технократи.
Во четвртокот претседателот на „Ал Нахда“ Рашид Гануши го отфрли тоа барање.
Неговите дејствија предизвикаа критики од опозициски лидери, кои ја обвинуваат неговата партија за некомпетентно раководство.