Владејачката коалиција победи на изборите во Австралија

Од:

Австраликсиот премиер Малколм Турнбул денеска соопшти дека владејачката конзервативна  коалиција составена од неговата Либерална партија и Националната партија освоила мнозинство во Парламентот на изборите одржани на 2 јули.

Иако пребројувањто на гласовите се уште не е завршено Либерално-националната коалиција веќе освоила 76 места во 150-члениот Долен дом на австралискиот Парламент, со што има апсолутно мнозинство. 

Победата на владејачката коалиција ја призна и лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Бил Шорт, кој соопшти дека блокот на либералите и националистите освоил 76 мандати, додека лабуристите во новиот парламентарен состав најверојатно ќе имаат 69 пратеници.

Од преостанатите пет места, две освоија независни кандидати, а по еден мандат им припадна на три помали партии.

Шорт рече дека во вакви услови Тарнбол не ќе може да смета на стабилно мнозинство, па затоа не е исклучено Австралија веќе следната година да оди на предвремени избори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он