По 12-годишни борби Владата на Мозамбик и опозициската партија РЕНАМО го завршија вооружениот конфликт, пренесе ДПА.
Двете страни потпишаа мировен договор, што под итно треба да влезе во сила.
На спогодбата и претходеа тешки преговори. Меѓу спорните прашања беше и барањето на РЕНАМО за заедничка врховна команда врз армијата.
РЕНАМО е најголемата опозициска партија во земјата и од самиот почеток таа предводи свое востаничко движење.
По 20 години граѓанска војна, која однесе еден милион жртви, поранешната комунистичка партија ФРЕЛИМО, која е на власт откако земјата се стекна со независност од Португалија во 1975 година, склучи мировен договор со РЕНАМО.
Тензиите во оваа африканската земја, меѓутоа, повторно се зострија откако во Мозамбик беа пронајдени нови резерви со гас, потсетува ДПА.