Витамини и додатоци што можат да помогнат во борбата против Ковид-19, според американски лекар

Од:

Во изминатата година, лекарите и научниците научија многу за тоа како да му се спротивстават на коронавирусот. Повеќе скорешни студии покажуваат дека евтини и широко достапни витамини и суплементи можат да играат важна улога не само во превенцијата, туку и во тежината и во крајниот исход од болеста, доколку едно лице се зарази.

Д-р Питер Озборн од Центарот за нутриционизам „Ориџин“ во САД вели дека откако повеќе студии ја покажаа важноста на витаминот Д во борбата против опасната болест, добра идеја е секој да направи анализа на крвта и да си ги провери нивоата на витамините во организмот.

„Мислам дека тоа е меѓу најпаметните работи кои можете да ги направите сега, со една ваква непредвидлива и релативно непозната болест. Она што го знаеме до сега за витаминската терапија, посебно за витаминот Д: луѓето со ниско ниво на витамин Д кои ќе заболат од Ковид-19 – умираат почесто, имаат поголема склоност кон хиперинфламација и цитокинските бури кои се јавуваат кај Ковид, а исто така и почесто завршуваат на респиратори, што не е добро, затоа што респираторите не функционираат добро кај Ковид. Кога едно лице е на респиратор со Ковид, тоа не е добра работа. Прогнозите не се добри, па ако можеме да ги држиме луѓето подалеку од респираторите и ако можеме да им го поддржиме имуниот систем преку исхраната, логично е тоа да го направиме,“ вели д-р Озборн.

Витаминот Д се создава во човечкиот организам преку изложеност на сонце, па д-р Озборн додава дека суплементацијата е посебно важна кај луѓето што живеат во предели каде што сега е зима, кога немаме можност секојдневно да бидеме на сонце по 20 минути, колку што е доволно за нормално ниво на витамин Д во организмот.

Некои болници дури и користат големи дози од овој витамин како дел од терапијата на болните, но засега нема доволно податоци за да се заклучи дека тоа е стратегија што конзистентно дава резултати.

„Витаминот Д не е скап. Тој е достапен во секоја аптека и може да ви го спаси животот, ако се разболите,“ вели д-р Озборн, кој додава дека ништо од ова не треба да се прави на своја рака и дека на секоја промена во витаминскиот режим треба да ѝ претходи разговор со матичниот лекар.

Генерално, лекарот од САД ги охрабрува сите што сакаат да го зацврстат својот имунитет, да се обидат со пристапот со четири клучни додатоци во исхраната:

Витамин Д, придружен со испитување на нивоата во организмот

Витамин Ц – постојат неколку студии што ја поддржуваат употребата на витаминот, кој е познат како клучен за имунитетот

Цинк – тој го спречува размножувањето на вирусот на повеќе начини, го спречува да влезе во клетката, како и да се дели, и затоа е многу важен во моментов.

Кверцетин – таканаречен природен биофлавоноид, кој ги „отвора“ клетките во организмот, за тие да можат да го примат внатре, каде што има дејство. Тој е нешто како клуч, а цинкот е „мајсторот“ што го примате во куќата за да направи поправки, вели Д-р Озборн.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски