Вишиот суд на Нов Зеланд одлучи Ким Дотком да биде екстрадиран во САД

Од:

Вишиот суд во Нов Зеланд донесе денеска одлука основачот на Мегааплоуд, Ким Дотком, обвинет од Вашингтон дека организирал масовно пиратство на Интернет, да биде екстрадиран во САД.

Одбраната на претприемачот со германско потекло, чие виситнско име е Ким Шмицм изјави дека ќе поднесе жалба на пресудата на Вишиот суд, кој ја потврди пресудата во прва инстанца од декември 2015 година.

Адвокатот на Дотком, Рон Мансфилд изјави преку соопштение дека денешната одлука е „исклучително разочарувачка“, но додаде дека одбраната не се чувствува победена.

Судијата Мари Гилберт сепак процени дека располага со доволно материјали, за да одлучи Дотком и уште тројца основачи на сајтот да бидат екстрадирани.

Аферата почна во јануари 2011 година, кога новозеландската полиција организира спектакуларен претрес во луксузната резиденција на Дотком.

Американското правосудство и ФБИ го обвинуваат дека организирал преку Мегааплоуд, затворен од властите во САД, масовно незаконско симнување на песни, телевизиски програми и филмови. Според обвинението Дотком и тројцата негови партнери, Фин Батато, Матиа Ортман и Брам ван дер Колк оствариле 175 милиони долари приход од својата дејност и нанеле штета за повеќе од половина милијарди долари на сопственици на авторски права.

Доколку биде екстрадиран во САД тој може да добие 20-годишна затворска казна.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски