Шестгодишната Ема Вајтхед која минатото лето замалку не почина од лимфоцитна леукемија, подложена е на експериментална терапија во Детската болница во Филаделфија. Во рамки на оваа метода, лекарите со помош на „онеспособен“ облик на вирус кој предизвикува СИДА генетски го репрограмираа имунолошкиот систем на Ема да ги убие канцерогените клетки.
По експерименталната терапија, извршена во април откако болеста два пати се врати по хемотерапијата, таа целосно се излечи. Ема, која и седум месеци по третманот е целосно здрава, е прво дете и еден од првите пациенти воопшто кај кои современата техника доведе до остварување на целта – трајно оспособување на имунолошкиот систем за борба против ракот.
Ема е еден од десетина пациенти заболени од леукемија во напреден стадиум кои се подложени на експериментална терапија, развиена на Универзиетот Пенсилванија.
Др. Карл Џун, кој го предводи научниот тим, се надева дека новата терапија ќе ја замени трансплатацијата на коскената срцевина и уште помачната и поопасна и скапа хемотерапија, која денес е последна надеж кога сите останати не даваат резултати.
– Три возрасни лица заболени од хронична леукемија кои се подложени на терапијата на Унвиерзитетот Пенсилванија, исто така целосно заздравеле, а кај двајца пациенти немало знаци на болеста повеќе од две години, објаснува Др. Дејвид Портер.
Кај четири возрасни пациенти состојбата се подобрила, но не се целосно излечени, а кај еден заболен, терапијата е применета дури неодамна, така што се уште нема уште резултати. Кај две возрасни лица немало никакви ефекти.
И покрај мешовитите резултати, онколозите кои учестуваат во ова истражување тврдат дека новата метода многу ветува, бидејќи дури и во волку рана фаза била ефикасна кај наизглед безнадежни пациенти.