Винс Кејбл нов лидер на британските Либерални демократи

Од:

Ветеранот на британската политика и поранешен министер, 74-годишниот Винс Кејбл е избран за нов лидер на партијата Либерални демократи.

Тој на функцијата доаѓа по оставката на доскорешниот партиски лидер Тим Фарон, кој се повлече по неуспехот на предвремените парламентарни избори.

Првично, оставката на Фарон се поврзуваше со несогласувањата што тој ги имал со врвот на партијата околу некои негови верски уверувања, но подоцна беше соопштено дека се повлекува од функцијата затоа што на изборите од 8 јуни, либералдемократите иако освоија три пратенички места повеќе – 12 наместо претходните девет, но добија помалку гласови.

Тоа покажува дека партиското раководство и Фарон како лидер не успеале да ја повратат довербата кај гласачите за кои се верува дека се уште ја казнуваат партијата што направи коалиција со конзервативците во 2010 година и особено што се согласи со воведувањето скапа школарина за студентите, иако тоа наиде на остро спротивставување на британската јавност.

Во таа Влада со која раководеше Дејвид Камерон, а тогашниот лидер на либералдемократите Ник Клег беше заменик премиер, Кејбл пет години беше министер за бизнис.

Во британската политика тој е од 70-те години на 20-от век, а еден период работел и во лондонскиот финански центар Сити.

Сега е одново избран за пратеник во Долниот дом и најавува „ревитализирање на партијата“ со дооведување „свежа крв и нови идеи“.

Во првата изјава како партиски лидер, Кејбл рече дека ќе настојува да го придобие центарот на британската политика, кој според него е напуштен.

Владејачките конзервативци, поради Брегзитот отидоа уште повеќе во десно, додека опозициските лабуристи предводени од Џереми Корбин станаа чиста левичарска партија.

– На Британците ќе им понудиме модел мошне сличен со моделот што на Французите им го понуди Емануел Макрон и успеа да стане претседател, изјави Кејбл.

Неговите критичари велат дека тој е во поодмината возраст за да биде лидер на партија и носител на нови идеи, но на вавите забелешки Кејбл вели дека Доналд Трамп, како претседател на САД и Корбин како лидер на британската опозиција, се „луге од неговата генерација“.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници