Викторија: Војската ќе ги испитува заразените за нивните контакти

Од:

Австралиската држава Викторија ќе ја ангажира војската да ги испитува лицата кои се позитивни на коронавирус, а кои не одговориле на телефонските повици, со цел да почне следење на контактите на заразените.

Во Австралија во претходните денови се потврдени шест нови смртни случаи од последици на Ковид-19, што е рекорден број од почетокот на пандемијата. Сите смртни случаи се поврзани со домови за стари и изнемоштени лица, а во повеќе од 40 вакви установи е потврдена зараза со коронавирус.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјуз изјави дека војници ќе бидат испратени во домовите на лицата заразени со коронавирус, кои не се јавиле на телефон за да одговорат на епидемиолошкиот прашалник.

– Доколку овие лица не отворат врата, ќе им биде изречена казна, потврди Ендрјуз.

Поради влошената епидемиолошка ситуација во Мелбурн, австралиската држава Викторија воведе делумни мерки за карантин во траење од шест недели, како и задолжително носење маски.

На територијата на цела Австралија во текот на вчерашниот ден вирусот е потврден кај околу 300 луѓе. Досега во Австралија се регистрирани над 13.300 случаи на зараза, а починале вкупно 139 лица.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча