Виена: Уапсени противници на неонацистите

Од:

Најмалку 35 лица се уапсени во петок вечер во Виена на контра митингот во тек на годинешниот собир на австриската неонацистичка младина, соопшти австриската полиција.

Инцидентот се случил кога неколку илјади лица се собрале во центарот на Виена во знак на протест поради балот на австриските студенти, екстремни десничари кои со оваа манифестација го одбележуваат 30-ти јануари денот на доаѓањето на Адолф Хитлер на власт во Германија 1939 година.

-Балот е целосно легитимен и ја одразува слободата на изразување- изјави шефот на виенската екстремно десничарска партија ФПО, Хајнц Кристијан Штрахе.

Началникот на виенската полиција Герхард Пирштл забрани одржување на контра митингот кој го организира радикалната левица „NOWKR“.

Инаку во тек на минатогодишниот собир избија судири помеѓу полицијата и левичарите, при што беа повредени повеќе од 20 лица.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче