Виена: Поранешен министер осуден за мито

Од:

Поранешниот министер за внатрешни работи на Австрија, Ернст Штрасер, првостепено е осуден на четири години затвор за примање мито.

За судот е докажано дека Штрасер, кој беше шеф на делегацијата на Народната партија на Австрија (ОВП) во Европскиот парламент, добил мито за услуги за лобирање во ЕП.

“Не се сомневам дека Штрасер во разговорите со новинарите Клер Њувел и Џонатан Калверт на 11 ноември и 3 декември 2010 година. Побарал паричен поттик од 100.000 евра годишно за вршење влијаење за донесување закон во Европскиот парламент”, рече судијата Џорџ Олшак.

Тврдењето на Штрасер дека мислел за новинарите, кои тврделе дека се лобисти, се тајни агенти, и дека сакал да ги разоткрие, Олшак го оцени како: “авантуристичка приказна каква не слушнал во неговата 20-годишна кариера.”

“Нема да најдете суд во Австрија кој би поверувал во таа верзија”, порача судијата, додавајќи дека тој и те како мислел дека тоа се претставници на лобистичка фирма и дека во својата функција како пратеник за пари влијаел на законите.

Државната обвинителка Александра Марун во завршниот збор побара Штрасер да се казни за поткуп, истакнувајќи дека поради лично богатење го злоупотребил мандатот кој го добил од народот.

“Тоа ја поткопува основата на демократијата”, рече таа, посочувајќи дека Штрасер свесно ги нудел своите услуги.

Тоа што немало предавање на пари Марун смета дека не е решавачко за донесување пресуда, бидејќи доволно е што барал пари за своите услуги.

Адвокатот Томас Кралик, од друга страна, пак, рече дека Штрасер не го “продал својот пратенички мандат” и дека е само жртва, поради што побара ослободувачка пресуда.

Британските новинари, во текот на судењето, рекоа дека го избрале Штрасер за нивната истрага, поради сомнителните активности на австрискиот политичар за кои слушнале.

Штрасер цело време тврдел дека тој верувал дека новинарите, кои се претставуваа како лобисти, се тајни агенти, и дека се обидел да ги разоткрие, поради што се впуштил во подлабоки разговори со нив.

Пресудата не е правосилна, бидејќи адвокатот на осудениот најави жалба.

Ако второстепената пресуда се потврди, Штрасер мора во затвор, бидејќи за оваа висина на казна не е предвидена условна или делумно условна казна, односно домашен притвор.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче