Виена ги следи руските шпиони

Од:

Австриската Служба за заштита на уставноста и борбата против тероризмот (БВТ) ги набљудува руските агенти во Австрија.

Според доверлив документ на ЦИА, на кој се повикуваат австриските медиуми, БВТ направил список на руски разузнавачи, со кој треба да се овозможи побрзо идентификување на осомничените.

Како што се наведува во документот, австриската служба ги набљудува руските шпиони.

Инаку, во безбедносниот извештај на австриското Министерство за внатрешни работи е констатирано дека е екстремно зајакната активноста на руските агенти, но истовремено се негира и постоењето на ваков список.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче