Украинскиот претседател Володимир Зеленски има пиштол и би се борел до смрт со неговиот поблизок круг луѓе, доколку Русите упаднале во неговиот штаб во Киев на почетокот на инвазијата, изјави во интервју за телевизијата 1+1.
„Знам да пукам. Можете ли да го замислите насловот „Русите го фатија украинскиот претседател“? Тоа би било срамно“, рече Зеленски во интервјуто.
Six children lost their lives in this attack on Uman, a total of 23 people died…
Anyone who prepares 🇷🇺 missile attacks must know that he will be an accomplice in the murder. Anyone, who guides and launches missiles, who handles planes and ships for terror. Not just those who… pic.twitter.com/zphc84ynHy— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) April 29, 2023
Во првите денови по инвазијата на 24. февруари минатата година, руските разузнавачи се обидоа да упаднат во Киев, но не успеаја да стигнат до улицата Банкина, каде што се наоѓа претседателската канцеларија. Другите руски трупи почнаа да ги напаѓаат предградијата на Киев, но не напредуваа далеку. Во градот имаше и обиди за саботажа.
„Да упаднеа, немаше да разговараме сега. Никој не ќенбеше заробен бидејќи ќе се бореше до крај. До последно“, рече Зеленски. На прашањето дали има пиштол и дали вежбал со него, тој одговори потврдно.
Во вообичаеното обраќање до јавноста, тој ги обвини руските војници дека се виновни за воени злосторства исто како и нивното раководство. „Не само командантите, туку сите вие, сите сте терористи и убијци и сите мора да бидете казнети. Секој што пилотира и испалува проектили, кој одржува авиони и бродови што служат за тероризирање, сите вие сте соучесници во злосторството. – изјави Зеленски.
Изјавата уследи по ракетниот напад врз украинскиот град Уман во петокот, во кој загинаа 23 лица. Меѓу нив, рече Зеленски, имало шест малолетници. Тој повтори дека треба да се формира специјален меѓународен суд за руските злосторства во Украина по моделот на Нирнбершките процеси против нацистите.