(ВИДЕО) Зеленски за меѓународната коалција за испраќање авиони Ф-16 на Украина: добар почеток

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави ветувањето на Велика Британија и на Холандија за изградба на „меѓународна коалиција“ со цел испорака на борбени авиони Ф-16 на Украина.

Реагирајќи на вчерашната заедничка порака испратена по средбата на британскиот премиер Риши Сунак и холандскиот премиер Марк Руте, кои се согласија да „работат заедно за да се формира меѓународна коалиција за обезбедување на Украина со борбени воздушни капацитети, од обука до испорака на авиони Ф16“. Зеленски во обраќањето до нацијата рече дека тоа е „добар почеток“.

Западните земји досега ги одбиваа украинските барања за испраќање модерни борбени авиони во Украина. Но, британскиот премиер Риши Сунак за време на посетата на Володимир Зеленски на Велика Британија во понеделникот рече дека Обединетото Кралство е подготвено да ги обучи украинските пилоти да управуваат со авиони Ф-16, а францускиот претседател Емануел Макрон потоа го понуди истото, но ја отфрли можноста за испраќање борбени авиони во Украина..

Би можело да ве интересира

Зеленски: Нападот на Добропилија во Доњецк покажува дека целите на Русија не се променети

Зеленски: Мировните преговори меѓу Украина и САД ќе се одржат во Саудиска Арабија следната недела

„Нема да не спречат да ја постигнеме нашата цел во Украина“: Русија одговори на заканите од Трамп со санкции

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија

Новата рунда преговори Украина-САД во вторник во Саудиска Арабија