ВИДЕО: Загина познат бразилски сурфер

Од:

Познатиот бразилски сурфер Марсио Фреире (47) почина за време на тренинг на огромни бранови во Назаре, Португалија.

Фреире беше удеренод голем бран за време на едно од неговите спуштања. Брзо бил изнесен на плажата, но обидите да биде спасен не успеаја.

Според португалскиот печат, неговото тело ќе биде пренесено во Институтот за правна медицина во Леирија. Тоа е првата смрт на сурфер во областа, која може да се пофали со некои од најголемите бранови во светот.

„За жал, ниту еден од обидите за реанимација не беше успешен и беше констатирана смрт на лице место“, изјавија од капетанијата.

Фреире беше еден од тројцата бразилски сурфери кои станаа познати како „Mad Dogs“ откако ги освоија огромните бранови на Хаваи. Беа дел и од документарниот филм „Mad Dogs“ од 2016 година.

„Денеска изгубивме голем човек, многу добар пријател и легендарен сурфер Марси Фреире. Беше толку ведар дух, секогаш со насмевка на лицето. Почивај во мир пријателе“, напиша спортскиот фотограф Фред Помпермаер.

Би можело да ве интересира

Мароко го совлада Бразил

Бројот на загинати во Бразил поради обилните дождови се искачи на 48

Невидени дождови во Бразил, десетици мртви

Ана Ололовска

Бразил: 36 загинати во поплави и лизгање на земјиштето

Актерка роди син на 56 години: „Кога се посомнева за бременост, му реков на докторот дека е луд“

Предраг Петровиќ

Адвокат со пиштол влегол во собата за магнетна резонанца, починал

Предраг Петровиќ