ВИДЕО: Војна, пустош и тага во Кобане

Од:

Војната во Сирија остави големи последици, како во животите на локалните жители, така и траги на градовите, кои полека умираат под секојдневните борби и немири.

Во Кобане каде што курдските борци се борат против приврзаниците на ИСИС, речиси и да нема живот.

Една од фирмите која се уште функционира во овој мртов град е пекарница, која 20 години била затворена, но сега ги снабдува со леб уморните борци и исцрпените цивили.

kobanedeca

Репортерот Џејк Симкин направи ексклузивен извештај од внатрешноста на градот, каде што од септември се води страшна борба, а бројот на жртви е се поголем.

Децата се играат во рововите кои настанале од експлозиите, бидејќи тоа е единственото што им останало од она што некогаш го имале.Куќите, училиштата и продавниците се претворени во урнатини и прав.

sirijadeca

Курдите некако успеваат во својата замисла да ги сопрат милитантите благодарение на 270 воздушни напади на коалицијата и помош во вид на оружје од САД.

Од 50.000 жители во овој град останале само околу 2.000 односно, оние кои веруваат дека борбите еден ден ќе престанат.

sirijapustos

Во меѓувреме тие спијат во напуштени автомобили и импровизирани шатори, додека бодликава жица и мини ги делат територите на двете држави.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски