ВИДЕО: Водата стигна до ѕидовите на Таџ Махал, апокалиптични слики од Индија

Од:

Големите поплави кои ја погодија северна Индија стигнаа до ѕидините на легендарниот Таџ Махал, што е ретко, а експертите предупредуваат дека може да стане редовна појава, бидејќи климатската криза носи се поекстремни временски услови.

Водата од реката Јамуна стигна до ѕидовите на споменикот и најголемата туристичка атракција во Индија во вторникот, покажаа видеа и фотографии на социјалните мрежи. Градината зад Таџ Махал е исто така под вода, но Археолошкиот институт на Индија, кој е задолжен за споменикот, рече дека Таџ Махал не е загрозен од сегашните поплави, објави CNN-News на 18-ти.

Експертите велат дека ретко се случува поплавите да стигнат до надворешните ѕидови на комплексот, кој бил изграден во 17 век во близина на градот Агра во северната држава Утар Прадеш од страна на император од Могал во чест на неговата сопруга која рано починала.

Поплавите се редовна појава во овој дел на Индија за време на сезоната на монсуните од јуни до септември, но експертите велат дека климатските промени ја зголемуваат нивната фреквенција и сериозност.

Реката Јамуна, притока на реката Ганг, го достигна своето највисоко ниво во историјата, соопштија властите минатата недела. Десетици луѓе загинаа во големите поплави, а илјадници беа евакуирани. Индија е една од најпогодените земји од климатската криза, според Меѓувладиниот панел за климатски промени.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка