ВИДЕО: Во лизгање на земјиштето во Колумбија загинаа 14 лица

Од:

Во лизгање на земјиштето во Колумбија предизвикано од обилни дождови, загинаа најмалку 14 лица, јавува Би-Би-Си, а 35 лица се во болница откако свлечиште погоди неколку куќи во областа Доскебрадас.

Другите жители кои живеат во близина на надојдената река се преместени на безбедно. Спасувачките тимови трагаат по уште преживеани, соопштија колумбиските власти за управување со катастрофи.

Се стравува дека бројот на загинати дополнително ќе расте. Одроните се вообичаени во Колумбија, а куќите изградени на стрмни падини се особено загрозени за време на сезоната на дождови во земјата.

Во 2019 година, најмалку 28 луѓе загинаа по лизгање на земјиштето во југозападната провинција Каука. Две години претходно, повеќе од 250 луѓе загинаа кога лизгање на земјиштето го погоди градот Мокоа, во јужната провинција Путумајо.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски