ВИДЕО: Внуката на поранешниот двоен агент ја предала снимката на истражители

Од:

Викторија Скрипал, внука на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал, му ги предала снимките од нејзините неодамнешни телефонски разговори со нејзиниот вујко на Рускиот истражен комитет.

-Се јави двапати, еднаш во април и еднаш остави порака. Двете јавувања беа од различни броеви, регистрирани во Велика Британија, изјави Викторија Скрипал за руски медиуми.

Од друга страна, од дирекцијата на Рускиот истражен комитет за Јарославскиот регион изјавија дека не добиле никакви документи од Викторија Скрипал.

-Можеби ги испратила директно во Централната управа на Рускиот истражен комитет, вели неименуван извор за руски медиуми.

Сергеј Скрилал и неговата ќерка Јулија беа затруени со нервен агенс во градот Солсбери, Велика Британија, во март минатата година.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија