ВИДЕО: Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев со важна порака за Зеленски

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев во својата шеста посета на Украина од почетокот на војната, во време кога вниманието на светската јавност се повеќе се свртува кон Блискиот Исток. „Доаѓам со цврста верба дека носам охрабрување и да потврдам дека цврсто стоиме на украинската страна“, рече фон дер Лајен на пат за Киев.

За време на престојот во Киев, Фон дер Лејен ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, премиерот Денис Шмихал и ќе се обрати пред пратениците во украинскиот парламент.

Претседателот на Комисијата рече дека ќе разговараат за прашањата за проширувањето на ЕУ, финансиската и воената помош за Украина и подготовките за 12-тиот пакет санкции против Русија. Нејзината посета доаѓа неколку дена пред објавувањето на извештајот за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ, кој Комисијата ќе го објави во среда.

Се очекува Комисијата да им препорача на шефовите на држави или влади на ЕУ отворање на пристапните преговори со Украина.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков