ВИДЕО: Украина ги отфрла руските тврдења дека ќе употреби „валкана бомба“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека само Русија е способна да користи нуклеарно оружје во Европа.

Зеленски ги критикуваше наводите на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во телефонските разговори со западните колеги дека Украина би можела да се подготвува да употреби „валкана бомба“ во актуелниот конфликт, конвенционално оружје чие јадро е обвиткано во нуклеарен материјал.

„Ако некој може да користи нуклеарно оружје во овој дел од Европа – тоа може да биде само еден извор – а тоа е тој што му наредил на другарот Шојгу да остварува телефонски повици овде и таму“, рече Зеленски во својата вечерна видео порака.

Зеленски додаде дека „телефонската рингишпил“ на Шојгу ја разјаснила ситуацијата. „Сите совршено разбираат. Тие разбираат кој е изворот на сите валкани работи што можат да се замислат во оваа војна“, рече украинскиот претседател

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер изјави дека Украина не поседува никакви „валкани бомби“ и нема намера да ги набавува, бидејќи неговата земја, напиша тој, е посветена на исполнување на обврските од Договорот за неширење на нуклеарното оружје.

„Руските лаги за наводните планови на Украина да фрли валкана бомба се апсурдни, но и опасни. Прво, Украина е потписник на Договорот за неширење нуклеарно оружје: ние немаме никакви валкани бомби и не планираме да имаме Второ, Русите често ги обвинуваат другите за она што тие самите го планираат“, додаде Кулеба.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли