ВИДЕО: Украина бара уште оружје и нова рунда санкции за Русија

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба вели дека очекува резултати од неговиот разговор со државниот секретар на САД Ентони Блинкен многу наскоро и очекува нови сакнции за Русија како и нови количини оружје за Украина.

Кулеба им се заблагодари на САД за помошта, нo повтори дека се надева на поголема поддршка, особено на воведување зона за нелетање над неговата земја. Блинкен на ова барање одговори негативно со оглед дека ваквата мерка би го довале НАТО во директен судир со Русија.

Одбивањето на НАТО да воведе зона без летови над Украина е фрустрирачко и ќе доведе до уште цивилни жртви рече Кулеба зборувајќи на прес конференција по средбата со Блинкен. Одлуката ја окарактеризира како „знак на слабост“.

Блинкен и Кулеба се сретнаа на украинската граница со Полска за да дискутираат за поддршката за Украина и за изолацијата на Русија со цел завршување на војната. Украинскиот министер му кажал на американскиот колега дека на неговата земја и се потребни потрбени авиони како и систем за противвоздушна одбрана.

Претседателот Зеленски на средбата со американските сенатори исто така побара нови санкции за Русија, забрана за летови над Украина, забрана за увиз на нафта.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков