ВИДЕО: Уапсени лидерите на Синалоа картелот, Ел Мајо и синот на Ел Чапо

Од:

Мексиканскиот наркобос Исмаел „Ел Мајо“ Замбада и синот на неговиот поранешен партнер Хоакин „Ел Чапо“ Гузман се уапсени вчера во Ел Пасо, Тексас, соопшти американското Министерство за правда.

„Министерството за правда приведе уште двајца наводни водачи на картелот Синалоа, една од најнасилните и најмоќните организации за трговија со дрога во светот“, се вели во соопштението на Министерството.

Замбада и Хоакин Гузман Лопез, синот на Ел Чапо, се соочуваат со повеќе обвиненија во САД „за водење на криминални операции на картелот, вклучително и производство на фентанил и мрежа на дилери на дрога“, се вели во соопштението објавено од Ројтерс.

Двајца американски официјални лица изјавија за Ројтерс дека Замбада и Гузман Лопез биле приведени откако слетале со приватен авион.

Замбада го коосноваше картелот Синалоа со Ел Чапо, кој беше екстрадиран во САД во 2017 година и отслужува доживотна затворска казна во затвор со максимална безбедност.

По екстрадицијата на Ел Чапо, неговата криминална империја ја наследија неговите четири сина – познати како Лос Чапитос или малиот Чапос – кои ја презедоа неговата фракција во картелот и станаа еден од најголемите американски извозници на фентанил, синтетички опиоид кој е до 50 пати посилен од хероинот и 100 пати посилен од морфинот.

Би можело да ве интересира

Во Шпанија разбиен огранок на балкански нарко-картел

А1он

Разбеснети фармери убија членови на мексиканскиот картел, наскоро следуваше одмазда

ВИДЕО: Во Турција е уапсен Хрват, шеф на меѓународен наркокартел

ВИДЕО: Во Бразил уапсен синот на српскиот крал на кокаинот

Синовите на Ел Чапо обвинети за шверц на фентанил во Америка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Мексико по апсењето на синот на „Ел Чапо“: Тројца мртви, нападнат аеродром