(ВИДЕО) Хаос во Мексико по апсењето на синот на „Ел Чапо“: Тројца мртви, нападнат аеродром

Од:

Тројца припадници на безбедносните сили загинаа во судирите во државата Синалоа по апсењето на синот на озлогласениот мексикански нарко крал „Ел Чапо“.

Овидио Гузман-Лопез – и самиот се тврди дека е водач на поранешниот картел на неговиот татко – беше уапсен во Кулијакан и префрлен во Мексико Сити.

Еазбеснетите членови на бандата поставија блокади на патишта, запалија возила и нападнаа локалниот аеродром.

Два авиони беа погодени од огнено оружје – едниот додека се подготвуваше за полетување.

На три аеродроми во Синалоа откажани се повеќе од 100 летови.

Гувернерот на државата претходно изјави дека 18 лица биле примени во болницата.

Гузман-Лопез – со прекар „Глувчето“ – е обвинет дека водел фракција на озлогласениот картел Синалоа на неговиот татко, рече министерот за одбрана Луис Кресенсио Сандовал. Синалоа е една од најголемите организации за трговија со дрога во светот.

Неговиот татко, Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, отслужува доживотна казна затвор во САД, откако беше прогласен за виновен во 2019 година за трговија со дрога и перење пари. Неговото судење откри некои од бруталните детали за тоа како функционираат нарко картелите во Мексико.

Би можело да ве интересира

Момче со прекар Ел Чапито уби осум членови на едно семејство во Мексико

Ана Ололовска

ВИДЕО: Почна да ја фаќа пејачката, по што изби општа тепачка на сцената

Предраг Петровиќ

Три Американки исчезнаа во Мексико, отишле таму да продаваат облека на пазар

Ана Ололовска

Девојче кое исчезна во САД во 2018 година, сега е пронајдено во Мексико

Горан Наумовски

Претседателот на Мексико тврди дека има фотографија од митско суштество

Во Мексико уапсен лекар обвинет за ширење менингитис

Катерина Павлова-Николовска