Разбеснети фармери убија членови на мексиканскиот картел, наскоро следуваше одмазда

Од:

Нарко картел во централно Мексико киднапираше 14 лица, вклучително и четири деца на возраст меѓу 1,5 и 14 години, во очигледна одмазда за бунтот на гневните фармери претходно овој месец во кој загинаа 10 вооружени членови на картелот, соопштија официјални лица. На земјоделците во селото Текскалтитлан и соседното село очигледно им здосадило изнуда од картел.

Вооружени само со српови и ловечки пушки, тие ги гонеа осомничените членови на картелот и ги убија и им ги запалија телата. Во конфликтот загинаа и четворица локални жители. Обвинителите објавија дека како резултат на тоа картелот киднапирал 14 лица. Меѓу киднапираните лица има и тројца полицајци кои биле фатени на блокадата и еден ранет селанец кој бандата го киднапирала од болница.

Хозе Луис Сервантес, главниот обвинител на државата Мексико, која се наоѓа западно од главниот град на земјата, Мексико Сити, потврди дека не е примено барање за откуп. Претходно, владини претставници негираа дека некој бил киднапиран, тврдејќи дека луѓето едноставно „исчезнале“, пишува Гардијан.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

Во Шпанија разбиен огранок на балкански нарко-картел

А1он

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви