ВИДЕО: Турски националисти одржаа антиерменски протест сред полициски час на улиците на Дижон

Од:

Десетици турски националистички активисти вчеравечер одржаа антиерменски марш во Дижон, кршејќи го полицискиот час, веејќи знамиња и извикувајќи „Алах е голем“. Собирот, кој префектурата на Дижон на „најостар начин“ го осуди.

Демонстрациите на турските националисти во Дижон беа првенствено насочени кон ерменската заедница, поради конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан, поддржан од Турција, во регионот Нагорно Карабах, оддалечен илјадници километри од Франција. Неодамнешните декларации на турскиот претседател Ердоган против Франција и изјавите на Емануел Макрон, по објавувањето на карикатури на Пророкот Мухамед, исто така го поттикнаа овој излив на гнев со етнички и верски призвук.

На Твитер, видеата покажуваат дека десетици демонстранти веат турски знамиња и извикуваат „Алах Акбар“ во центарот на градот Дижон. По неколкуминутно парадирање, демонстрантите беа опколени од полицијата и потоа беа оттурнати со солзавец кон станицата, каде што групата се разотиде.

Префектот на Златниот брег – Дижон, Фабиен Судри, ја „осуди на најостар начин“ оваа иницијатива.

Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманан, додаде дека неговите служби ги користат видеата од демострациите за можни апсења.

-Дури и во периодот на Ковид, можеме да демонстрираме, но немаме право да истакнуваме пароли против Републиката, затоа ќе бидат преземени мерки и тоа нема да продолжи, увери тој.

Подоцна во текот на денот беше отворена истрага за „учество во насилна група со цел да предизвика насилство и деградација“, „насилство во група врз припадници на силите на редот“ и „организирање на демонстрации без најава“, соопшти обвинителот на Дижон, Ерик Матаис.

Неколку политичари се побунија против одговорот на владата, кој го сметаа за премногу слаб. Ерик Сиоти (Републиканци) оцени дека демонстрациите се случиле само неколку часа по нападот во Ница, каде што напаѓачот исто така извикал „Алах Акбар“.

-Како можеме да ги прифатиме овие изрази на заедница? Ние мора да ги уапсиме сите што го прекршиле полицискиот час и кои ги прекршиле законите на Републиката. Тие мора да бидат протерани во Турција “, предложи пратеникот од десницата.

Настанот е само продолжување на серија слични демонстрации на сила. Ден пред инцидентите во Дижон, десетици припадници на турската заедница демонстрираа во предградието на Лион, Десин-Шарпио, каде што има спомен-обележје посветено на сеќавањето на ерменскиот геноцид. Префектурата Рона спроведе безбедносна операција за да спречи каква било агресија. Истиот ден, во утринските часови, на автопатот А7 кој беше запрен во близина на патарината на Виена, во Изер. На проерменските активисти на лице место им се придружија и нивните про-турски противници. При тоа имаше четворица повредени, пред да интервенира полицијата.

Во јуни исто така во Дижон дојде до судири меѓу чеченската и арапската заедница на градот што предизвика вистинска паника, а беа оштетени многу приватни и јавни објекти.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор