(ВИДЕО) Тројца загинати во пукање во Минесота

Од:

Полицијата во американската сојузна држава Минесота соопшти дека три лица, меѓу кои и осомничениот, се убиени при пукањето што се случи вчера вечер во хотелот Супер 8. Вработен во хотел во градот Клоке пронашол уште еден вработен со повреди и се јавил на 911 околу 18.30 часот. По пристигнувањето полицијата пронашла 22-годишна жена со прострелна рана. Таа била пренесена во болница, каде набргу починала.

Полицајците потоа пронашле мртов маж во автомобил на паркингот во хотелот. Станува збор за 35-годишен маж, кој исто така починал од прострелни рани. Набрзо бил лоциран и осомничениот за нападот, кој бил пронајден мртов пред имотот на хотелот. Од полицијата велат дека напаѓачот се самоубил, пишува CBS News.

Надзорните камери во хотелот го потврдија идентитетот на осомничениот, но полицијата се уште не знае што точно го предизвикало овој инцидент. Истрагата е во тек. Идентитетот на жртвите и осомничените ќе биде објавен откако ќе бидат известени нивните семејства.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски