ВИДЕО: Трамп на спортски натпревар пречекан со поздрави и свирежи

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп беше пречекан и со поздрави и со свирежи кога се појави на Медисон Сквер Гарден во Њујорк за да гледа натпревар во боречки вештини.

Ова е вторпат оваа недела американскиот претседател да биде иссвиркан на спортски настан, иако публиката овојпат била поумерена во однос на турнирот во безбол, што се одржа неколку дена претходно во Вашингтон.

Како што пренесуваат медиумите, овојпат некои му аплаудирале кога седнал на своето место, но веднаш на Твитер се појавија снимки на кои се гледа и како свиркаат.

Во публиката имаше и плакати со натпис „Отстранете го Трамп“ и „Повлечете го Трамп“, пренесува Си-Ен-Ен.

На натпреварот тој беше во друштво на републикански службеници и синовите Ерик и Доналд Јуниор Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти