(ВИДЕО) Тежок инцидент: Турција собори руски авион

Од:

Воен авион се урна во пламен на границата помеѓу Сирија и Турција. Aвионот го соборила турската војска со ракета земја-воздух, откако бил повреден воздушниот простор на Турција. Руското министерство за одбрана соопшти дека се работи за нивен авион, кој не навлегол на турска територија и летал на висина од 6.000 метри. Двајцата пилоти успеале да се катапултираат и да се спуштат со падобрани. Едниот од нив е во рацете на локалните Туркмени кои трагаат за другиот пилот.

Турските медиуми објавија снимка од погодокот и падот на авионот, додека руското министерство за одбрана соопшти дека Русија поседува докази како авионот е урнат на сириска територија. Турција се правда дека пилотите биле предупредени 10 пати, и тоа цели 5 минути дека се наоѓаат во турскиот воздушен простор.

Авионот падна на сириската територија, во реонот на сириското село Јамади, кое се наоѓа непосредно до турската граница, каде живеат Туркмени.

Рами Абдурахман, кој ја предводи Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, изјави дека авионот паднал во туркменистанските планини. Турција неколку дена наназад реагираше за руското бомбардирањето на селата на границата со сирија каде живеат Туркмени, со образложение дека таму нема терористи.

Претходно турски медиуми, повикувајќи се на високи воени извори, соопштија дека авионот бил урнат од два турски авиони-ловци Ф16 и оти пилотот бил претходно информиран, по што безбедно се катапултирал, но руското минитерство за одбрана соопштува дека поседуваат снимка и докази дека авионот е урнат на сириска територија.

Турскиот премиер Ахмет Давотоглу разговараше со началникот на турскиот генералштаб и со министерот за надворешни работи за случувањата на границата со Сирија и веднаш е побаран состанок на НАТО пактот.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски