Кон Хараре, главниот град на Зимбабве се упатија неколку тенкови и оклопни возила, како и камиони со војници, откако се регистрирани тензии помеѓу поддржувачите на лидерот Роберт Мугабе и сменетиот потпретседател Емерсон Мнангагва.
Мугабе, кој што има 93 години, владее со Зимбабве од 1980 година, а минатата седмица реши да го разреши Мнангагва, кој што се очекуваше да биде негов наследник.
Another video of military tanks on the move in Zimbabwe. In this one, someone says “the army are backing Mnangagwa” in Shona at the end of the video. pic.twitter.com/kpeY6TOdey
— Doug Coltart ✊??? (@DougColtart) November 14, 2017
Смената на Мнангагва според аналитичарите укажува на тоа дека Мугабе се подготвува да ја постави својата сопруга Грејс Мугабе (52) на чело на државата.
Критики за одлуката за разрешување на Мнангагва дојдоа и од генералот Константино Чивенга, кој што е командант на армијата, по што се зголемија шпекулациите дека армијата може да се сврти против Мугабе.
– Мораме да ги потсетиме тие што стојат зад актуелните манипулации дека армијата нема да се двоуми да интервенира ако треба да се заштитат придобивките на нашата револуција, изјави генералот Чивенга.