Бројот на загинати во поплавите во градот Дерна во источна Либија надмина три илјади, јави ТВ каналот Ал Арабија, повикувајќи се на министерот за здравство Усман Абд ал Џалил.
The city of Derna in eastern Libya has been declared a disaster zone after Medicane Daniel caused catastrophic flash flooding across the area overnight. Many residential buildings have been destroyed along the riverbanks. I fear we might be facing a mass casualty event. pic.twitter.com/QoVp8vzjpp
— Nahel Belgherze (@WxNB_) September 11, 2023
Претходно претставникот на Црвената полумесечина во Либија за РИА Новости изјави дека повеќе од девет илјади луѓе се водат како исчезнати во Дерна поради поплавите.
– Бројот на загинати во поплавите надмина три илјади – изјави министерот, пренесува Ал Арабија.
Како што претходно објавија либиските медиуми, обилните дождови предизвикани од циклонот „Даниел“ во неделата предизвикаа поројни поплави во бројни градови и населени места на истокот на Либија, вклучително и Ал Бајда и Дерна.
Аеродромите и поморските пристаништа се затворени поради обилните дождови во регионот. Градовите Сус и Дерна на истокот од земјата се прогласени за зони на природна катастрофа. Во градовите погодени од поплавите воведен е полициски час.