Поради зголемување на бројот на починати од коронавирусот, колеџот во Вухан, Кина е претворен во оддел за изолација.
Студентите не се информирани за затварањето на домот од надлежните.
Видеото покажува како студентите во знак на револт ги празнат своите соби и сметот го фрлаат во внатрешниот дел од дворот на установата.
По бројните рекации, колеџот во Вухан јавно се извини за неочекуваните мерки на претпазливост.