Најмалку 166 луѓе се повредени во тешка железничка несреќа што денеска се случила вo главниот град на Малезија, Куала Лумпур, соопшти министерот за транспорт на источноазиската земја.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како патниците се обидуваат да се соземат по страотниот судир, а на подот од вагонот се гледаат локви од крв.
Според весникот „Малај меил“, два патнички воза од градската лесна железница, од кои едниот бил без патници, имале директен судир вечерта во 20:33 часот по локално време. Во другиот воз имало 232 патници, соопштија властите.
Вкупно 47 лица се посериозно повредени и пренесени во болница.