ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во саботата во Њујорк се сретна со рускиот колега Сергеј Лавров, што е прва билатерална средба на министрите од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година.

Средбата се одржа на маргините на Генералното собрание на ОН, во руската просторија за состаноци, траеше повеќе од 20 минути, а заврши со ракување меѓу двајцата министри.

Лавров изјави дека средбата со Вадефул била непотребна и дека не забележал напредок во однос на нивните претходни разговори.

За германската новинска агенција „ДПА“ тој рекол дека не слушнал „ништо поинакво“ од она што Берлин јавно го кажува секој ден.

„Можеше само да ми се јавиш и да кажеш: ‘Прочитај го моето соопштение’“, го пренел Лавров разговорот со германскиот министер.

Според Лавров, Германија го побарала состанокот еден ден претходно, „во последен момент“. Тој додал дека разговорот оставил впечаток дека Вадефул дошол со одредена скриена порака и очекувал отстапки од Русија во врска со Украина и пловидбата во Црното Море.

По состанокот, Вадефул изјави дека и понатаму постојат длабоки несогласувања околу напорите за завршување на војната во Украина.

„Тоа беше интензивен разговор. Се разбира, не се согласивме за клучните прашања“, изјави тој за германската телевизија ЗДФ.

Вадефул рече дека понудил деескалација, особено во однос на ситуацијата во Украина, но оти „не наишол на подготвеност за слушање“.

Тој додаде дека било важно да му укаже на Лавров дека Германија „не прифаќа работи како нападот со дрон во Лајпциг“ и дека тоа претставува неприфатлива ескалација.

„Можеме да се браниме и ќе го направиме тоа“, рече Вадефул.

Германската влада ја смета Русија за одговорна за инцидентот со неексплодираниот дрон на аеродромот во Лајпциг, што Москва го отфрла.

Би можело да ве интересира

Медведев: Отсега Киев едноставно ќе го игнорира Трамп

ВИДЕО: Дронови погодија една од најголемите руски рафинерии, избувна голем пожар

Катерина Ѓуровски

Пропаѓа ли договрот на Трамп и Путин за дизелот

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

ВИДЕО: Нов украински удар длабоко во Русија, погоден клучен нафтен објек

ВИДЕО: Зеленски е подготвен на средба со Путин

Катерина Ѓуровски