ВИДЕО: Спасувачите стигнаа до момчето кое пред четири дена падна во бунар во Мароко

Од:

ArabNews јавува дека спасувачите стигнале до момчето и дека до него е медицинска екипа. Во тек се подготовките за негово извлекување од бунарот длабок 32 метри.

Рајан, петгодишно дете од Мароко, во вторникот падна во бунар длабок 32 метри, а спасувачите со денови копале дупка паралелна со бунарот за да го извлечат. Тие очајнички се обидуваа да стигнат до момчето, а денеска стигнаа до последната фаза од нивната операција. Спасувачите работеа цела ноќ за да стигнат до момчето.

Комплексната операција трае со денови, а на местото на настанот се собраа илјадници луѓе. Стравот од лизгање на земјиштето ја направи спасувачката операција уште поопасна.

Би можело да ве интересира

Мароко запре 75.184 мигранти кои се упатија кон Европа во 2023 година

МНР: Двајца наши државјани кои беа во Маракеш, пристигнаа во Мадрид

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Сопругата му побара развод и половина богатство, а потоа шок-ѕвездата на ПСЖ немал ништо на сметката

Предраг Петровиќ

Мароко го совлада Бразил

Мароко повторно ја отвори својата амбасада во Ирак по 18 години отсуство

Ана Ололовска